April 27, 2024, 12:08 am

Заедничка историја со Бугарија?: Еве од кога сме се попишувале како Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На овој линк можете да го симнете фантастичниот трудот на проф д-р Билјана Ристовска-Јосифовска , која работи во Националниот Институт за Историја во Скопје, а е насловен како „МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ИСТОРИСКИТЕ ПРОУЧУВАЊА“, во кој се запазени и фотографии од оригинални документи . Еве неколку фрагменти од нејзиниот труд пропратени со фотографии :


1. Во австриско-турските војн

и македонското население се приклучувало на антиосманската страна, а по неуспехот голем број Македонци се повлекуваат со војските кон Војводина и кон Унгарија. Подоцна, дел од нив се населуваат во Украина, каде што, во објавената документација за Македонскиот полк (XVIII век), среќаваме етно-идентификациска определба македонска нација: во графата „С какой нацией“ одговорот е „македонской нацией“ (Матковски 1983, 257-288)

или

2. Корисен инструмент за пренесување на политичките пораки и за објавување на разните истражувања на националниот идентитет и развиток претставува печатот. Така, во низата периодични публикации, за нас се од особена важност прилозите во „Лоза“, како дел од дејноста на Младата македонска книжовна дружина во Софија (1891-1892), написите од весникот „Балкански гласник – Revue Balkanique“ (1902) како дел од дејствувањето на Македонскиот клуб во Белград, како и списанието „Вардар“ во Одеса (1905) како неофицијален месечен орган на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург и прво научно-литературно и национално-политичко списание на современиот македонски литературен јазик и правопис. Тоа е значајно и по првата објавена национална статистика,во која населението во јужномакедонските краишта е определено како Македонци
види слика:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This