April 26, 2024, 11:44 am

ЗАЕДНО СО АМБАСАДОРКАТА НА САД ВО МАКЕДОНИЈА: Рикер се сретна со peкетиpaната градоначалничка на Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, придружуван од американската амбасадорка во земјава Кејт Бернс денеска ја посети Општина Битола и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја Филип Рикер изрази задоволство што повторно е во посета на Битола и ја претстави новата американска амбасадорка Бернс, која за прв пат беше во официјална посета на Општина Битола.

Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава – истакна Рикер на средбата со Петровска.

Градоначалничката Петровска посочи на идна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола ја добива од страна на САД.

Високиот американски функционер од Битола, работниот престој го продолжи во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This