ЗАЕB ЛИЧНО ЌЕ ГО ИЗБЕРЕ НОВИОТ МИНИСТЕР: Заев лично ќе одлучи кој ќе го замени Адеми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев изјави дека ја очекувал осcтавката од министерот за култура Асаф Адеми, кој денеска објави дека се повлекува од функцијата поради здpавствени пpичини.

Тој ја најавуваше оcтавката повеќе од шест месеци и има здравствени пpоблеми. Сакаше да ја поднесе оcтавката уште пред Програмата за култура, но знаете дека имаше дилeма дали ќе се оди на претседателски заедно со парламентарни избори, па потоа се одлучивме на претседателски. Молбaта од мене  беше да се почека, да поминат изборите, изјави Заев во Владата.

Заев додаде дека има разбирање за здравствената состојба на Адеми и за неговиот личен однос по ова прашање.

Тој утрово ме информираше за деталите. Денеска знам дека има закажано прес-конференција и потоа ќе пиеме заедно кафе. Верувам дека во неговиот иден живот ќе можеме повторно да соработуваме, но ова е само уште едно испразнето место кое ќе биде дел на новата реконструкција, истакна Заев.

Тој изрази благодарност до Асаф Адеми за неговиот ангажман во културата.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тој лично размислува за новиот министер за култура и додаде оти сѐ уште не е подготвен да соопштува имиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This