April 24, 2024, 11:23 pm

ЗАКАЖАНА СЕДНИЦАТА ЗА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ: На 6.ноември пратениците ќе гласаат за одземање на мандатот на екс-премиерот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вторник, на 6 ноември е закажана седницата за разгледување на предлогот за одземање мандат на пратеникот Никола Груевски, објави Собранието на Македонија на својата веб-страница.

Седницата е закажана откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Членовите на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања треба да одлучат дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник. Конечната одлука треба да ја донесат пратениците на собраниска седница со двотретинско мнозинство.

Судечкиот совет во Апелацискиот суд вчера не го прифати барањето на адвокатите на обвинетите за одложување на седницата на која се одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Според Судечкиот совет барањето на одбраната не претставуваше основ за одлагање на јавната седница, појасни вчера судиката Цветанка Периќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This