March 29, 2024, 12:32 pm

Точно на 12.12 во 12:12 часот – Синдикатите излегуваат на протест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест, со цел, како што велат, за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од работниот однос.

Протестот ќе започне на 12.12.2021 година во 12.12 часот во Скопје.

„Предизвикани и поттикнати од актуелната општествено економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за навремено поднесените барања на ССМ како единствен репрезентативен синдикат во државата, Сојузот на синдикатите на Македонија повикува и организира протест заради исполнување следните барања:

Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за работните односи, со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор, согласно договореното на Економскиот – социјален Совет по пат на социјален дијалог.

Потоа, измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 отсто од просечната плата, односно таа да се зголеми најмалку на 18.000 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор, како и потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

„Протестот започнува на 12.12.2021 година во 12:12 часот пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје, а учесниците ќе се движат од зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија кон Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе бидат упатени барањата на работниците, а потоа ќе продолжи кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе бидат упатени барањата од протестот“, велат од ССМ.

Најавуваат и дека во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите помеѓу ССМ, Собранието, работодавачитеи Владата, ССМ ќе повика на Генерален Штрајк, кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, на начин определен од страна на штрајкувачки одбор.

„Се обраќаме до сите работници и граѓани (пензионери, стечајни работници, невработени, студенти) на оваа Држава кои се засегнати од сите овие прашања, како и други прашања во врска со нивната егистенцијална положба, да ни се придружат и да ни дадат поддршка, односно безрезервно да ни се приклучат во сите активности што на овој план ќе ги преземеме во наредниот период зошто колку сме побројни толку сме посилни и погласни за обезбедување на нашите права“, стои во објавата од ССМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This