March 28, 2024, 10:04 pm

ЗАКАНИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ОД МНОЗИНСТВОТО АКО ГЛАСААТ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР:„Ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од владејачкото мнозинство утрово добиле писмо потпишано од Здружението за борба за еманципација и права на жени на кое била прикачена и колумна од професорот Димитар Апасиев. Авторот напишал „ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор“. Писмото го објави пратеничката Ивана Туфегџиќ, која вели дека не е јасно што сакал писателот да постигне. Овој допис е испратен до Собранието пред повторното гласање за договорот со Грција.

„Апсолутно немам никаков проблем со чиј било искажан став по однос на договорот со Грција меѓутоа сите, особено оние кои се интелектуалци и кои профилираат во јавниот дискурс треба да се свесни за тежината и одговорноста за зборовите кои ги искажуваат бидејќи предизвикуваат нетрпеливост и конфузија меѓу граѓаните. Здрава дебата може и мора да се води без шпекулации, наведување, манипулации, клетви во интерес на крајот на денот на оваа држава и нејзините граѓани“, пишува Туфегџиќ.

Според пратеничката, ова е непристоен притисок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This