ЗАКАНИ И УЦЕНИ ВРЗ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ: Директорката на Центарот за социјални работи во Ресен се заканувала со одземање на социјалните станови ако не гласаат за СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По опструкциите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ вчера да пристигнат на партиската конвенција, со испраќање на автобусите на технички преглед и вперувањето пиштол во главата на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци, притисоците од СДС врз граѓаните продолжуваат и во помалите места

Имено, пред два дена во Ресен новоназначената директорка на Центарот за социјални работи во Ресен, Зоре Проевска, им се заканувала на станарите на една од социјалните згради во градот, барајќи од нив да гласаат за СДС за да не го изгубат правото на социјален стан.

Во нејзина придружба, на партиската задача „од врата на врата“ бил и екс-директорот Атли Шерифи, денес вработен во ЦСР – Ресен и уште двајца вработени кои служеле како поддршка на нејзините закани.

Дополнително, на станарите им било ветувано дека по изборите сите ќе добијат по 12.000 денари додаток за посебна нега, кој засега им бил укинат. Секако, ова само доколку гласаат за СДС, ако не ќе го изгубат и правото на социјален стан.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This