ЗАКАНИ, НАПАДИ И ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДИЈАТА ПАНЧЕВСКИ: Судијата Владимир Панчевски бил нападнат и од полицаец близок до власта, МВР молчи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата Владимир Панчевски, поранешен претседател на кривичниот суд во Скопје, е честа мета на напади кои очигледно се нечија нарачка. КУРИР дознава дека Панчевски бил нападнат и минатиот месец , но МВР го прикрило инцидентот од јавноста. Скандалот да биде поголем бил нападнат од полицаец кој важи за близок на владеачката коалиција.

Имено на 19 минатиот месец во ПС Центар Владимир Панчевски поднсе кривична приава против полицискиот службеник, кој претходниот ден ангажиран на акција пред полициската станица во Центар. Кога поминал Панчевски пред полициската станица, полицискиот службеник без повод и причина во еден момент почнал да упатува пцовки и навреди кон него и кон неговото семејство и почнал да се заканува по што тргнал кон него. Другите полициски службеници го спречиле во намерата,а Панчевски продолжил без да влезе во вербален дуел со службеникот.

Во текот на вчерашниот ден Панчевски беше предмет на напад во судница.

-Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјавил Панчевски за Фокус.

Тој рекол дека сведок на нападот врз него била и записничарката во судот. Панчевски веднаш повикал полиција, но од таму му било речено дека треба да поднесе кривична пријава, затоа што така решиле во консултација со јавниот обвинител.

Полицијата и истражителите на СЈО му го крадеа клучот на Панчевски од неговиот дом

Панчевски на удар на полицијата на СДСМ беше уште минатата година кога еден од полицајците кои дојдоа во неговиот заедно со истражителите на СЈО се обидоа да му го украдат клучот од неговиот дом. За среќа на Панчевски кражбата беше фатена на камерите во неговиот дом. Од видео материјалот јасно се гледа како еден од службениците го зема клучот и го става во својот џеб. Јавноста беше фрапирана од ова однесување на полицијата, но од МВР, ниту пак од СЈО немаше никаква реакција.

На снимката јасно се гледа како едно од службените лица ја злоупотребува службената положба и го краде клучот од мојот дом. Не станува сбор за случајност“, изјави Панчевски тогаш за медиумите и запраша , дали за ова службеникот добил наредба од Катица Јанева или од претпоставените во МВР.

Панчевски запраша што планираат со клучот и дали може да очекува нови упади во неговиот дом. Судијата беше загрижен за својата и безбедноста на своето семејство. Самиот претрес според Панчевски е извршен незаконски и дека наредбата врз која е извршен претресот е незаконска.

Според него чудно е што налогот за претрес во неговиот дом во Скопје доаѓа од гевгелискиот суд каде што е општо познато дека Јанева има добри релации.

Скандалозна распределба на судии по партиски клуч- судии обвинуваат дека Советот и новата власт се во љубовна врска

Чистка во Одделот за судење на организиран криминал – судии кои постапуваа по предмети на СЈО од 1ви јануари ќе судат во Одделот за прекршоци. Промената е направена од новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев. Со новиот распоред комплетно е променет Одделот за организиран криминал – најголем дел од судиите се префрлени на прекршоци, а само еден во одделот за малолетници. Разместените судии имаат право на приговор до Врховниот суд. Постапките по кои тие постапуваа, вклучително и оние на СЈО, ќе треба да почнат од почеток.

Од Здружението на судии велат дека моменталната состојба во судството е многу динамична, па оттука судиите не смеат да подлегнуваат на притисоци. Во однос на изборот и унапредувањето на судиите, Управниот одбор го повика Судскиот совет на РМ да ги почитува законските норми и воспоставените принципи при изборот и унапредувањето на судиите и да ги образложи донесените одлуки со цел поголема транспарентност во работењето на Советот.

„Управниот одбор не навлегува во надлежностите на Советот за утврдување на факти, но го повикува да ги почитува процедурите при работењето и да ја запази пресумпцијата на невиност при постапувањето и при комуникацијата со јавноста“, истакнуваат од Здружението на судии.

Со новите измени на Законот за судии кои ги подготвува Владата, судии ќе стануваат луѓе без никаква обука, обвинија од Академијата за судии и јавни обвинители. Според нив, оваа стратегија која Владата сака да ја протурка, повикувајќи се на реформи во судството е спротивно на препораките на Прибе.

За претседателката Арнаудовска, транспарентноста и инклузивноста на кои се повикува власта се само празни зборови кои се користат, а не се спроведуваат.

-Имаше состанок на академиите во Брисел и едно лице од Министерство за правда, пред сите таму иозјави дека се спремаат измени во Законот за судови и дека процентот на избор на академци и луѓе надвор од академијата ќе биде 60-40. Таа изјава предизвика голема вознемиреност кај нашите кандидати, 37 во академијата, кои се рпашуваат од која причина тие полагаат тешки приемни испити, квалификации, ќе учат две години, ако некој може биез ниакква обука да се протне во судтсвото, рече Арнаудовска.

Во делот на судските реформи, Владата преку имплементација на планот 3-6-9 се обврзa да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем без политички притисоци.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This