ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ ПОРАДИ РАЗЛИЧНО МИСЛЕЊЕ: Хунтата го цензурира мислењето на јавните личности кои се против промена на уставното име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многумина корисници на Твитер забележаа дека профилот на професорката Јасна Котеска повеќе не е достапен за преглед на нејзините следачи на Твитер. Очигледно притисокот од провладините перјаници и власта беше преголем за професорката Котеска која јавно застана во одбрана на македонскиот Устав, име, јазик, идентитет и историја. Котеска за прв пат ја почуствува ,,слободата’’ на изразување во Македонија кога ја критикуваше прекумерната полициска сила на протестите против промена на името.

Котеска иако беше во првите редови за време на протестите на Шарената Револуција против претходната влада, на своја кожа ја почувствува хунтата на СДСМ која не дозволува плурализам и различно мислење, па како резултат на огромниот притисок го блокираше својот профил на Твитер.

Имено Котеска е вистински симбол за македонската борба за независност и македонска држава, и ја продолжи работата која ја започна нејзиниот татко, поетот Јован Котевски, кој во времето на комунизмот, бил затворен поради својата идеја за независна Македонија, а за трагедијата да биде уште поголема децата на некогашните комунисти сега се пресметуваат со неговите потомци.

Огромните притисоци и закани на социјалните мрежи се најверојатната причина за ваквата одлука на Котеска, која се откажа од јавната дебата за името и референдумот како и за многуте други прашања за кои не се согласува со хунтата на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This