ЗАКАНУВАЧКО ЦИНИЧНО ШЕТАЊЕ: Американски војници обиколуваат стратешки точки на Косово кои ги контролираат србите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И по три недели од завршувањето на „воената вежба“ околу езерото Газивода, американските војници и понатака патролираат околу стратешки најзначајните точки во општината Зубин Поток, на северот на Косово.

Срѓан Вуловиќ, директор на јавното претпријатие „Ибар“ кое управува со акумулацијата Газивода, изјави дека американските војници „секојдневно ги обиколуваат постројките и објектите на нашето претпијатие, но во цивилни возила, наместо со џипови“.

Претседателот на одборот на собранието на Србија за Косово, Милован Дрецун вели дека е збор за невообичаено однесување на американските војници и додава дека е неопходно командата на КФОР да разјасни што прават кај Газивода.

„Нема никакви причини, нема никакви нестабилности или загрозување на објектите за тие да бидат тука присатни. На овој начин само го вознемируваат србскиот народ и отвараат простор за разни шпекулации и целата ситуација ја прават запалива. Значи, мора да се разјасни, од моментот кога кога е изведена наводната вежба до сега, зошто се и понатака присутни таму“, вели Дрецун.

Доколку постојат проценкидека може да дојде до инциденти и доколку се тие превентивно тука за да ги спречат, тогаш би требало да ја запознаат јавноста кој е тој кој би можел да ја загрози безбедноста. Србскиот народ сигурно не ѐ, додава претседателот на одборот за Косово.

„Вака, значи не само што ги вознемируваат и заплашуваат вработените, туку и селиот србски народ на Косово, Значи мора да се прекине со таквото однесување или барем да се даде уверливо образложение зошто е неопходно, американските војници да ја обиколуваат Газивода“, заклучува Дрецун.

Народниот пратеник и генерал во пензија Божидар Делиќ смета дека секојдневното „шетање“ на американските војници околу Газивода е еден вид притисок на србите и додава дека тие знаат какво е мислењето на граѓаните на Србија кои се противат на било каква поделба на Косово.

На крај на краиштата во Обединетите Нации се знаат нашите граници и Албанците никогаш неможе да добија столче во ОН додека се Русија и Кина во Советот за Безбедност и додека ние сме цврсти во својот став. Косово може да биде само Недефинирана Терористичка Држава, а американците не бомбардираа за да ја создадат таквата држава, истакнува Делиќ

„Доколку тие притисоци вродат со плод, а тие се трудат да го заплашат народот и да влијаат на властите во Белград, кои исто така имаат одговорност за таквото нивно однесување, би дошло до тоа ние да направиме чекор кон признавање и кон потпис на нешто што би било погубно за нас“,вели Делиќ

Тој вели и дека Американците на Косово се сила, односно окупациони сили кои се „опкружени“ со некаков меѓународен статус.
„Тие се тука Окупатори, можат да се шетаат каде сакаат и на тоа нетреба да обрнуваме внимание. Ги следиме што прават, но се што прават е со цел да не присилат нешто да потпишеме, а потоа би дошол крајот“, вели поранешниот генерал кој војувал против НАТО во 1999 година на Косово.

Подготвил

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This