Законите не се исти за сите: Ни за Јанкулоска немаше cyдска наредба, па полицијата беше на готовс и правеше претpecи – за Мијалков други правила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од вчера не е достапен за органите на прогонот. По него веќе е распишана потерница.

Куќниот притвор изминатиот викенд го изрекоа од Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на обвинителството кое побарало построга мерка на претпазливост во пресрет на изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари.

Обвинителството за организиран криминал во петокот по завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ го информирало МВР со цел, како што велат, да се преземат превентивни мерки, но шефицата на обвинителството Вилма Русковска за Канал 5 вели дека немале законски основ да побараат притвор.

Таков основ, тврди, добиле дури во саботата во 23 часот, откако МВР со нив ги споделило првите индиции дека можеби се подготвува бегство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Во неделата утрото по направените неопходни проверки, изготвен е предлог за определување на притвор. Во 12,00 часот со цел да обезбеди услови за прием на предлогот за притвор, обвинителството го известило кривичниот суд како и Министерството за внатрешни работи. По исполнување на административните процедури, обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов во 14,30 часот се упатиле кон Кривичниот суд, каде во 15,00 часот Предлогот за определување на притвор е примен од судот.

Решението мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор на Мијалков од страна на обвинителството е примено во 18,45 часот. Во меѓувреме, до приемот на решението, јавните обвинители се известувани од надлежни лица во Министерството за внатрешни работи дека имаат визуелен контакт со обвинетиот Мијалков и дека тој не е избеган.

Сега неодговорноста на надлежните се правда со немањето на судска наредба. Но, да потсетиме, немаше судска наредба ниту за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, па зградата во која живее беше опколена од полиција.

Беа претресувани соседите, беа проверувани автомобилите кои излегуваат од паркинг и гаража.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството,“ објави тогаш таа на Фејсбук.

На фотографијата која ја објави може да се забележи полициско возило пред нејзината зграда.

За Мијалков очигледно важеле други правила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This