ЗАКОНОТ ВАЖИ САМО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Функционерите од СДСМ може да паркираат непрописно каде сакаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот не важи за сите. Додека пајакот ги крева колите на граѓаните, функционерите од СДСМ се привилегирани и дозволено им е да паркираат непрописно. За нив не важат законите, ниту добиваат казна ниту пак колите им ги крева пајак.

Како што реагираат граѓаните, директорката на УЈП, Сања Лукаревска секој ден непрописно паркира на велосипедската патека пред Народна Банка попречувајќи ги граѓаните кои возат велосипед слободно и безбедно да стигнат на своето работно место. Лукаревска мува не ја лази затоа што го загрозува сообраќајот и животот на велосипедистите, а уште помалку затоа што го прекршува законот.

После многу пријави на граѓаните, пајак службата се појавила пред Народна Банка во обид да го крене возилото на директорката на УЈП, но само по една минута некој им се јавува автомобилот да го остават таму каде се наоѓа. Дали Лукаревска покрај тоа што ја користи својата функција за да ги крши законите, истата ја злоупотребува за да се заканува на вработените во Градски паркинг да не и го чепкаат непрописно паркираниот автомобил?

Јавноста е гневна на ваквиот однос на функционерите на СДСМ. Додека возилата на граѓаните им ги земаат и за да си ги добијат треба да платат казна, на функционерите на СДСМ непрописно паркираните возила никој не смее да ги чепне. Граѓаните коментираат дека тие плаќаат за директорите на СДСМ да ги кршат законите.

Сличен таков скандал,  имаше и од друг функционер на владејачката коалиција. Беќир Асани од ДУИ нападнал полицајка за време на сообраќајна контрола кај трговскиот центар Мавровка. При подигање на неговото возило со пајак, истиот вербално нападнал полициска службеничка која била на местото на настанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This