April 24, 2024, 11:11 pm

ЗАКОНОТ ГО ПИШУВАЛЕ ПРАВНО НЕПИСМЕНИ: Експертите ѝ најдоа на Дескоска суштински забелешки во 54 члена од Законот за ЈО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професори по право, еминентни експерти и пратеници два дена по ред на јавна расправа дискутираа и нудеа забелешки за Предлог-законот за Јавно обвинителство. Резултатот на експертите, меѓу кои има и некогашни и сегашни блиски луѓе на СДСМ, се суштински забелешки во 54 члена од законот кој го предлагаат СДСМ и министерката за правда Рената Десковска.


Денеска, пак, тие забелешки се разгледуваат од страна на парламентарните групи, по што се очекува законот по скратена постапка да влезе во Собрание.

Според нашите извори, министерката Десковска и нејзината партија засега не прифаќаат ни една од забелешките на експерите, кои во најголем дел се базирани на европски искуства и уставот.

Со ваквото одење со глава во ѕид на Дескоска, само се засилуваат сомневањата и дека се работи за политичка операција, со која и по заминување од власт на СДСМ ќе му обезбеди контрола на судството, на што долго предупредува опозицијата.

Иако признаваат дека во него има грешки и недоречености за законот отворено без да внимаваат на протоколите од Виенската конвенција се залагаат и дел од странските амбасадори во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This