ЗАКОНОТ ЗА ЛИЧЕН ДОХОД ЌЕ СЕ НОСИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА: Владата тера инает и покрај бурните реакции на јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на РМ го поднесе во Собранието на РМ новиот Предлог-закон за личниот доход, по скратена постапка. Целта на Предлог-законот за данокот на личен доход е да овозможи поправеден систем на оданочување на доходот на граѓаните, намалување на социјалната нееднаквост, зголемување на буџетските приходи, како и надминување на одредени слабости на постојниот Закон за персоналниот данок на доход.

Иако овој закон наиде на реакции и критика кај целокупната јавност Владата не отстапува од неговото спроведување. Претставници од бизнис секторот, банките, економски ескперти критикуваа дека овие измине само дополнително ќе го оптеретат стопанството и граѓаните.

ИТ компаниите се изложени на најголем удар, со оглед на платите кои се нудат во овој сектор, експретите коментираат дека овој закон ќе ги обезхрабри странските компанаии од овој сектор да продолжат да се развиваат и да инвестираат во земјата.

Предлог-законот ги содржи следните решенија:

–уредување на одделните видови на доход кој подлежат на оданочување со данокот на личен доход;

– воведување на прогресивно оданочување на доходот од  работа (плати, пензии, договори за дело), доходот од авторски права, доходот од самостојна дејност и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, односно воведување на стапка од 18% која ќе се пресметува и плаќа на  даночната основа  која надминува 1.080.000 денари на годишно ниво, односно 90.000  денари месечно. За даночната основа до 90.000 денари месечно, односно 1.080.000 денари годишно, останува примената на даночната стапка 10%;

– оданочување на доходот од закуп и подзакуп, дивиденди, капитални добивки, добивки од игри на среќа и другиот доход со единствена стапка од 15%;

– оданочување на капиталните добивки од хартии од вредност и на каматите од  депозити (на делот од каматите кој надминува 250 евра годишно) со стапка од 15%, почнувајќи од 2020 година;

– зголемување на износот на даночното намалување кај платите и пензиите;

– намалување на нормираните трошоци кои се земаат во предвид при утврдување на даночната основа за одделните видови на доход, односно приближување на нивната висина до висината на овие трошоци во земјите од регионот;

– преформулација на одредени  термини кои се користат во постојниот закон за персоналниот данок на доход  и

–  преуредување на структурата на постојниот закон и допрецизирање на дел од законските одредби.

Извор: Академик.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This