ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ВЕЌЕ СЕ СПРОВЕДУВА И СЕ ТРОШАТ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ТОА: Сеуште необјавен во „Службен весник“, непотпишан од претседателот Иванов, а веќе потрошени 300.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште пред да биде објавен во Службен весник, законот за употреба на јазиците веќе ни „лапна“ над 300.000 евра. Имено, во буџетот за минатата година, според она што го објави Владата на веб страната на Министерството за финансии во 2018 година, по 2,2 милиони денари добиле Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците.

И во двете институции, од овие пари, најголем дел или по 1,5 милиони денари се потрошиле за плати и надоместоци на вработените, или секој месец во овие две институции за бруто плати за вработените сме плаќале по 125.000 денари месечно, иако Законот за јазици практично не постои во правниот промет, бидејќи Претседателот Иванов се уште на него го нема ставено својот потпис.

За оваа година, Владата во овие институции дополнително го одврзала кесето. Па така, Агенцијата за примена на јазикот годинава ќе ни потроши 8,43 милиони денари или скоро 4 пати повеќе од лани. Повторно најмногу пари ќе дадеме за платите на вработените во оваа институција или над 6 милиони денари, или месечно по нешто над 500.000 денари.

Оваа институција годинава очигледно и внатрешно ќе се опремува, па за стоки и услуги, што значи мебел, бироа и слично ќе ни земе над 2 милиони денари, а планираат уште 300.000 денари да потрошат за „капитални расходи“.

Со исто толку пари ќе се опремува и Инспекторатот за примена на јазиците, а таму за плати, Владата ќе ни потроши над 5 милиони денари.  Математиката вели дека за мебелот во овие институции, во 2019 година ќе треба да платиме над 66.000 евра. За плати дополнителни трошоци ќе треба да платиме скоро 180.000 евра.

За споредба, Министерот за здравство, Венко Филипче се пофали дека со 300.000 евра ќе купел 12 возила за екипите на Брза Помош, што вели дека со парите за институциите кои треба да спроведуваат Закон кој официјално не постои во македонскиот правен промет, можеше да се дуплира бројот на возила за Брза Помош.

Во образложението за спроведување на законот објавен на веб страницата на Министерството за правда пишува дека фискалните импликации врз буџетот ќе тежат 106 милиони денари. Потребни ќе бидат и дополнителни средства, а во првата година, за да се формира Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и Инспекторат се проценува дека ќе се потрошат 16 милиони денари, кои ќе се обезбедат од буџетот за 2018 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This