March 28, 2024, 10:23 pm

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: Вкупно 5.000 невработени лица ќе добиваат по 7.600 денари месечно од државата! Еве ги условите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со усвоените измени на Законот за стечајци се проширува опфатот на лица кои ќе добиваат месечен надоместок со што се решава долгогодишниот проблем на околу 5.000 стечајци.

Покрај веќе обезбедената егзистенција за околу 3.000 стечајци, со измените се овозможува материјално да бидат обезбедени дополнителни 2.000 лица кои ќе добиваат месечен надоместок во износ од 7.596 денари.

Со измените се олеснуваат потребните услови за стекнување на право на материјално обезбедување, доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирано.

Истовремено, се обезбедува и поголема флексибилност преку условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице, однсоно најмалку 52 години за жени и 55 години за маж.

„Лицата кои бараат материјален надоместок условот за возраста треба да го исполнуваат во моментот на поднесувањето на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување, а не од моментот на стапување на сила на постојниот закон, како што беше досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This