ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА: Речиси готов предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-законот за амнестија од собраниското тело за помирување ќе биде стокмен до крајот на неделата. Пратениците од трите подгрупи веќе ги сумирале идеите, само се чека да се комплетира целиот состав за да се закаже и средбата на кој ќе биде поднесено и законското решение.

Осуммината пратеници од независната група сепак најавуваат дека ќе гласаат за успешност на измените на Уставот, бидејќи договорот бил да си останат доследни на одлуките, а реформите, интеграциите и помирувањето биле условени процеси. Процесот за помирување доби амин и од европратениците Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн кои денеска има средби со пратениците во македонскиот парламент. Иако не сакат да дадат изјави за медиумите, сепак ги охрабриле пратениците да продолжат, но и добиле насоки како да се движи помирувањето.  Според најавите на премиерот Заев предлог-законот за амнестија нема да се однесува на сите обвинети, односно ќе се прави дистинкција меѓу оние кои директно биле вклучени во насилствата и оние кои само биле дел од групата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е дел од процесот на помирувањето, откако власта не даде поддршка на нивниот закон со кој бараа амнестија за сите инволвирани во собраниските настани од 27-ми април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This