ЗАКОН ЗА ПРАТЕНИЦИ „ПОБЕГУЉИ“: Дали во Македонија треба да се воведе закон за пратеници преселници?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во повеќе наврати македонскиот народ бил сведок на народни избраници кои откако ќе го добијат потребниот број на гласови за влез во парламентот не само што не ја почитуваат волјата на граѓаните од кој биле изгласни туку често одработиле и гласале сосема спротивно на истата

Програмите или платформите со чија презентација пред потенијалните гласачи се борат за „ своето место под сонцето“ потоа станува минорен фактор кога се во прашање круцијалните одлуки и начинот на дејствување во парламентот.

Чисто како пример на последните парламентарни избори неколку пратеници и претставници на партии преминаа од едниот коалициски табор во другиот, без разлика на нивните политички определби и заложби во предизборниот период. Повеќе од јасно е, доколку тоа го стореле во предизборниот процес и се ограделе од ставовите на партиите кои ги предложила тешко дека би станале народни избраници во праламентот на Република Македонија. Оттука доаѓаме до заклучокот дека се злопотребува волјата на гласот на граѓаните бидејки мандатарите од парламентот не сносат одговорност за целосното менување на ставот што од лични, лукративни или било какви други причини.

Дали Македонското собрание има капацитет да го следи примерот на неколку европски земји меѓу кои и Италија и ќе донесе закон за пратениците преселници?

Имено, во Италија лани се донесе закон со кој пратениците кои ги напуштаат или менуваат политичките партии и движења со чија помош дошле до пратеничкото столче, се должни да платат парична оштета од 120 до 150 илјади евра на политичкиот субјект.

Последниот италијански парламентарен состав влегува во историјата е бројот на селења на пратеници од една во друга партија.

За траењето на 5-годишниот мандат имаше вкупно 524 преселби, односно 203 парламентарци и 133 сенатори мандатот не го завршија својот мандат во партијата во која го почнаа. Во бројката се вклучени и парламентарци кои правеа по неколку трансфери.

Вкупниот број од 336 народни избраници кои ја смениле партијата, изнесува 35,37% од вкупниот состав од 945 луѓе, или во просек месечно 10 парламентарци се селеле од партија во партија. Ова е два пати повеќе отколку во претходниот парламентарен состав.

Можеби во Италија причината за ова санкционирање е бројот на преместувања, но кај нас дефинитивно причините се далеку по круцијални со наговест за коруптивни обврски за интрес на некаква си агенда или интерес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This