March 28, 2024, 10:09 pm

ЗАЛУДНИ СЕ ОБИДИТЕ ДА ГО СОКРИЕТЕ СОМНИТЕЛНОТО РАБОТЕЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Неуспешен обид за саботажа на работата на заменик министерката за финансии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По неуспешниот обид за саботажа на работата на заменик министерката за финансии – Гордана Димитриеска Кочоска, министерката Нина Ангеловска прво се обиде да се “вади” дека информацијата не е вистина, па откако јавно се објави документот, уште еднаш “неумесно” се обиде да се правда со процедурите и праксата во Министерството за финансии.


Македонската јавност е заинтересирана да види кои се тие процедури кои забрануваат на вработените да не постапуваат по задолженија за заменик министер, па уште и да не смеат да комуницираат со истиот. А, за дрскоста да биде поголема, уште се назначува и лице од кабинетот на Ангеловска со кое заменик министерката исклучиво смее да комуницира. Која дрскост?!?

Се ова доаѓа во време кога постојат сериозни сомневања за работата на Министерството за финансии, особено за начинот на распределбата на буџетските средства, што фрла огромен сомнеж за предизборен поткуп. Но, што и да сака да сокрие Ангеловска со заобиколувањето на Димитриеска Кочоска, да ја потсетам дека со тоа прави кривично дело.

А, по 12 април сите што сториле кривично дело и постапувале спротивно на закон ќе одговараат!

Вредности, принципи, промени, правда … Обнова на Македонија.

Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This