April 25, 2024, 10:05 am

ЗАМЕНЕТИ БЕБИЊА ВО РОДИЛИШТЕ ВО БиХ: Мајката забележала дека детето има повеќе коса од пред пола час!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шok во Босна и Херцеговина по скандалот што се случил во болница во Новa Била, во која поради невнимание на медицинските сестри, биле заменети новороденчиња.

Замената се случила пред два месеца, но информацијата дури сега излегла во јавноста.

Како што било наведено во анонимно писмо испратено до редакцијата на „Дневни аваз“, медицинските сестри, наводно, за време на бањањето им ги замениле белезиците на бебињата истиот ден, а мајките лежеле во иста соба.

Според информациите, едната мајка, пред излегување од болницата, забележала дека бебето, кое ѝ било вратено по бањањето, има значително повеќе коса. Медицинските сестри ѝ рекле дека греши и ја испратиле дома.

Грешката била откриена сосема случајно кога по неколку дена, бебето било донесено на редовна контрола. Докторот забележал дека тежината на бебето не се совпаѓа со моментната состојба и дека тоа што го пишувало во отпусното писмо е невозможно бидејќи детето не може да порасне толку многу за само неколку дена.
Докторот потврдил дека се случила замена на бебињата.

„Замената траше само еден час, а не неколку дена. Сестрата по грешка им ги заменила белезиците. Кога жените си заминале, ја забележавме грешката и ги повикавме“, тврди докторот.

Тој нагласил дека главната сестра е каз нета и сменета од позицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This