April 25, 2024, 12:12 pm

ЗАМЕНИКОТ ЗА КУЛТУРА САКАЛ ДА ГО ТЕПА САШКО КОЦЕВ: Наместо да застане на негова страна, тој му наредил на обезбедувањето да го отстрани од ресторанот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шерифското однесување на функционерите на новата влада го предизвика и првиот посериозен скандал во културата, откако, по барање на заменикот-министер за култура и пратеникот Талат Џафери, било одложено одигрувањето на претставата „Ничија Земја“

 

Оваа постапка, која ги револтираше актерите, резултираше со препукување помеѓу актерот Сашко Коцев и функционерите на СДС и ДУИ поради кои актерите морале да чекаат пред да започнат со претставата.

Имено, по завршувањето на споменатата претстава, актерот Сашко Коцев, најверојатно расположен од успешната претстава која била прославена со доза алхохол, во ресторанот каде што подоцна биле на вечера пратеникот Талат Џафери, заедно со заменик министерот за култура и охридскиот градоначалник, решил да им каже се што му лежи на душа.

Во интервју за локалниот портал „Охрид1“, Сашко Коцев одговорил дека нема коментар на прашањето дали е вистина дека тој на Талат Џафери му упатил навреда со зборовите:

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Дали на Бакрачески го нарековте сељак од Струга, а за Талат Џафери сте коментирале дека е Шиптар слезен од планини ? ![/kopa_block_quote]

Но, тоа предизвикало нервоза кај присутните политичари, по што настанала и гласна расправија, во која биле употребувани и зборови без цензура.

Помеѓу шерифите на СДС бил и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, кој досега се наоѓаше во дебелата сенка на Алаѓозовски, па ова беше неговата прва прилика да ги покаже неговите способности во доменот на неговата работа.

Лазовски, наместо да ја смири ситуацијата и да застане на страната на актерот, чиј претпоставен му е токму тој,  му наредил на обезбедувањето да го отстранат Сашко Коцев, што пак одлично одговара на описот на неговата биографија како специјализиран за детски претстави, особено за водење на кукли.

Лазовски стана министер за култура, успешно позајмувајќи го неговиот глас на митинзите на СДС и во рекламната кампања на партијата.

Според описот, Лазовски има и екстензивно искуство во учество во кратки серии, што според начинот на досегашното работење на владата во која се наоѓа е идеална одлика на заменик-министерот.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This