Заменик директорот на ФБИ доби отказ два дена пред да се пензионира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик директорот на ФБИ, Ендрју МеКејб кој активно учествуваше во истрагата на претседателските избори во 2016 година е отпуштен. Ваквата одлука ја донесе Американскиот министер за правда, воедно и државен обвинител, Џеф Сешнс.

Ова одлука беше очекувана, откако Мекејб веќе подолг период е мета на критики и несогласувања од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија западните медиуми.

Во официјално соопштение Сешнс посочи дека ослободувањето на МеКејб од функцијата било императив откако внатрешна проверка утврдила дека од него систематски истекувале информации кон медиумите и дека намерно ги излажал истражителите за своите постапки.

„ФБИ очекува секој вработен да се придржува кон највисоките можни стандарди на чесност, интегритет и одговорност“, истакна Сешнс, додавајќи дека одлуката за престанок на овластувањата на МеКејб било усогласено со Секторот за професионална одговорност на ФБИ и високи претставници од Министерството на правдата.

Разрешувањето на МеКејб доаѓа само два дена пред неговиот роденден (50), кога тој би имал право да се повлече од ФБИ со целосна пензија. Неговата смена, што се случува девет месеци откако Трамп го отпушти и Џејмс Коми – ја става пензијата на МеКејб во опасност. Се претпоставува дека ова не е случајност.

„Јас сум жигосан и третиран на ваков начин поради улогата која ја имав, дејствијата кои ги преземав и настаните на кои бев сведок по отстранувањето на Џејмс Коми“, изјави Мекејб веднаш по одлуката на министерот за правда за негова смена.

Отказот веројатно ќе покрене и  многу прашања дали Мекејб е казнет премногу сурово поради политички притисок од страна на Трамп, кој жестоко го критикуваше на Твитер и бараше негова оставка.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This