ЗАМЕНИК ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР НА САД ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: По 2001.та , Саливен е највисок функционер на Стејт Департментот кој ја посетува Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик државниот секретар на САД Џон Саливен ќе има источно-Европска турнеја од 12 до 20. декември, во која ќе го посети и Скопје

На 12.декември Саливен ќе биде во Братислава, Словачка каде што ќе разговара за важноста на билатералната соработка помеѓу САД и Словачка, во пресрет на превземањето на претседателството со ОБСЕ од страна на земјата, со цел зајакнување на одговорот против „Руската агресија“.

Во Виена, Австрија Саливен ќе биде следниот ден на 13 декмври, каде што ќе се заблагодари за придонесот на земјата во безбедносната соработка во Авганистан и западен Балкан.

Во Софија, Бугарија ќе пристигне на 14. декември, каде што ќе се разговара за безбедносните системи и важноста на диверзификација на изворите на енергија, како и улогата на земјата во регионалната стабилност.

На 16. декември во Сараево, каде што ќе престојува два дена.

Во Скопје, Џон Саливен доаѓа на 18.декември каде што ќе биде највисок претставник од Стејт Департментот кој ја посетил Македонија уште од 2001. година. Во Скопје, Саливен ќе дискутира за регионалните прашања и, ќе испрати пораки за охрабрување на политичките претставници да продолжат со реформите и имплементацијата на Договорот од Преспа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This