ЗАПАДНИТЕ МЕДИУМИ ЈА МЕНУВААТ ПЛОЧАТА: Нема да има војна помеѓу Русија и САД – сега повикуваат на деескалација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Западните медиуми го променија тонот во следењето на заострувачките односи помеѓу Русија и САД поради Сирија. Сега поголем дел од нив сметаат дека ескалација на кризата е непотребна


Агенцијата АП пишува дека бившиот американски претседател Џими Картер го предупредил Доналд Трамп на опасност од било какви воени акции против Сирија, Русија, Северна Кореја: „Се молам нашата држава да живее во мир“.

Француските медиуми сметаат дека американската закана за напад на Сирија е обид да се казни Русија за успесите во меѓународната политика. Весникот „Фигаро“ е сигурен дека Франција е подобро да се повлече. Според мислењето на францускиот аналитиар Каролин Галактерос, вистинската цел на соопштението за Сирија е да се казни Русија за нејзините успеси на меѓународната сцена и воспоставувањето мир во Сирија. Иста цел има и „случајот Скрипаљ“.

Британските медиуми ја предупредуваат Тереза Меј и ја советуваат да не превзема брзи чекори. Пратениците од Конзервативната партија и препорачаа на премиерката да не превзема никакви мерки без дозвола на парламентот.

Поголем дел од Британците се против учество во воена операција во Сирија. Резултатите од анкетата која ја објави „Скај њуз“ покажуваат дека 48% се против ескалација, 13% не знаат како би требало да постапи Тереза Меј, додека 11% не подржале ниту една опција. За бомбардирање на Сирија позитивно одговориле само 28%.

И Вашингтон изгледа како да се повлекува. Како што смета авторот на весникот „Ноје цирхер цајтунг“: „Емоциите спаѓаат, сега САД може да почекаат на резултатите од истрагата на ОЗХО, експертите на оваа организација веќе тргнаа во Сирија. Освен тоа, засега САД немаат доволно сили во регионот за силен удар“.

За нелогичните акции на Доналд Трамп пишуваат и американските медиуми. „Фокс Њуз“ потсетува на одлуката на Трамп да се повлече војската од Сирија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This