Западот зaгрижен за српскиот интерес за соработка со Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постои друга партија или политичка организација во светот, која може да се пофали со она што кинеската Комунистичка партија успеа да го постигне, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на онлајн самитот за одбележување на 100-годишнината од Кинеската комунистичка партија, додавајќи дека Белград сакате да продолжи со јакнење нејзините врски со Пекинг.

„Во изминатите 100 години, основачите на Кинеската комунистичка партија успеаја да ја ослободат потиснатата креативна енергија на кинескиот народ“, рече Вучиќ.

Како што изјави Вучиќ, дури 700 милиони кинески граѓани се извлечени од сиромаштија, бидејќи земјата, за само неколку децении, успеа да се трансформира од земја во развој што добива странска помош во меѓународна суперсила.

„Преку рационалното и мудро прилагодување на учењата и практиките на марксизмот кон кинеските услови и со поставување на темелите за практикување социјализам со кинески карактеристики, Мао Це Тунг, Џианг Земин, Ху Џинтао и вие драг пријател Си Џинпинг го водевте најголемиот проект на социјалниот развој и искоренување на сиромаштијата во историјата на човештвото“, рече Вучиќ.

Зголеменото влијание на Кина во регионот на Западен Балкан не остана незабележано од Западот.

Говорејќи на виртуелната конференција со лидерите на земјите од Западен Балкан на 5 јули, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е во интерес на Европа да го пренасочи регионот на ЕУ од „геостратешки причини“.

Меѓу земјите од Западен Балкан, освен Црна Гора, Србија е најнапредната земја во разговорите со ЕУ, бидејќи ги отвори пристапните преговори и поглавја од 2014 година.

На самитот на НАТО во јуни, западните лидери ја посочија Кина како „предизвик“ за прв пат, што предизвика силна реакција на Пекинг, кој смета дека потегот беше претеран.

Кина, која не го признава Косово, вложуваше многу во Србија.

На почетокот на пандемијата започна да практикува таканаречена „маска дипломатија“, испраќајќи милиони маски во Европа, почнувајќи од Србија. Вучиќ дури го бакна кинеското национално знаме во знак на благодарност за навремената поддршка на Кина против епидемијата КОВИД-19.

Покрај тоа, ширењето на вакцини СОВИД-19 во Србија е значително брзо благодарение на вакцината произведена од кинескиот фармацевтски гигант Синофарм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This