ЗАПАДОТ ЈА ЛИКВИДИРА МАКЕДОНИЈА: Анализа на Рускиот историчар и новинар Сергеј Латишев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија се соочува со реална закана за своето постоење. Државата сакаат да ја ликвидираат не само соседните држави првенствено, туку и ЕУ и САД, се вели во анализата на рускиот новинар и историчар, која е со поднаслов „Зошто се прави сето ова и на кој начин е поврзано со Украина?“

protesti_kontra_protesti

Македонија која е мала сиромашна држава на југот на Европа, остаток од поранешната Југославија и чија третина од населението е составена од етнички Албанци, преживува уште еден Мајдан. Поточно одеднаш два Мајдана, и тоа антивладин, кој го поддржуваат практично сите надворешни играчи и провладин, кој речиси никој не го поддржува однадвор. И минатите години Македонија се соочуваше со Мајдани, но тоа што сега се случува во државата е нешто повеќе. Овој пат државата се соочува со реална закана за своето постоење. Државата сакаат да ја ликвидираат не само соседните држави првенствено, туку навидум и ЕУ и САД.

Ова стои во воведот од анализата на рускиот новинар и историчар, Сергеј Латишев, колумнист на московскиот портал и телевизија „Цариград“ (www.tsargrad.tv). Неговата анализа е посветена на актуелните случувања во земјава, при што предупредува дека се одвива сценарио кое води кон преседан, односно поделба на Македонија.

Неговата анализа е насловена: „Западот ја ликвидира Македонија“, со поднаслов „Зошто се прави сето ова и на кој начин е поврзано со Украина?“

Во продолжение го пренесуваме остатокот од неговата анализа:

Gjorge-Ivanov_sednat

Претседателот Иванов против распадот на државата

Настаните во Македонија почнаа да добиваат неповратен карактер, по одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да го врачи мандатот за формирање на новата влада на лидерот на опозициската СДСМ, главната порзападна политичка сила во државата.

Во средата, Иванов изјави дека не може да го врачи мандатот на Зоран Заев, и покрај тоа што последниот се договорил со албанските политички партии, со кои обезбедил 67 од 120 пратеници во Парламентот, бидејќи платформата за соработка на социјалдемократите и Албанците од партиите ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците е изготвена од надворешни играчи.

„Сè додека сум претседател на Република Македонија, нема да дадам мандат ниту на човек, ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа за рушење на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија. Бидејќи длабоко верувам дека ова се темелни вредности со кои никој нема право да тргува. И не мислам да отстапам од нив“, подвлече во обраќањето до нацијата, претседателот Иванов.

„Ние немаме резервна држава. Република Македонија е единствената држава што ја имаме. И немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле оваа држава за да им ја оставиме на сè уште неродените, на нашите деца и потомци. Затоа, сакам да ве уверам, вас граѓаните, дека можете да бидете спокојни“.

Ivanov-vojska

Иванов подвлече дека по парламентарните избори од 11 декември, странска држава и нејзиниот премиер (Еди Рама) непосредно се вмешале во внатрешните работи на државата. Како резултат на тоа се појавила „Албанската платформа“ која предвидува промена на уставот на Македонија, и тоа не може да биде услов за формирање Влада. Согласно Иванов, формирањето коалициска влада на СДСМ со албанските партии ќе доведе до тоа Македонија да биде ставена во позиција на заложник и потчинета на странска држава со перспектива да ѝ биде променето државното уредување.

Ова, по мое мислење е и благо кажано, бидејќи е само почетна етапа, со оглед на тоа дека процесот на распаѓање на Македонија веќе не може да биде запрен.

Претседателот на Македонија не беше измамен од навидум умерените барања на албанското малцинство кое и без нив фактички автономно живее во Македонија, од типот издигнување на албанскиот јазик до ниво на втор државен со гаранција за негова примена во сите нивоа на власта, или пак промена на националното знаме, химна и државниот грб на Македонија со цел да се одрази во нив мултинационалноста и рамноправноста на Албаците во општеството. Албанците бараат и Собранието да донесе резолуција за „геноцидот“ на Албанците во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година.

Кај Иванов крајна внимателност предизвика тоа што во драфтирањето на овие барања, активно учествуваа американските дипломати и премиерот на Албанија кои беа консултанти во Тирана на собраните таму претставници на албанските политички сили од Македонија. Дотолку повеќе што Албанците ги интересираат не само културните, лингвистичките и историските прашања. Впрочем тие исто така бараат и „забрзување на процесот на интеграција во ЕУ и НАТО“, вклучување на Албанците во преговорите со Грција за името Македонија.

rama_albanija

Како што гледаме, Иванов не се согласува да го врачи мандатот за формирање влада помеѓу СДСМ и Албанците не затоа што тој не е демократ и не ги почитува демократските процедури, туку затоа што станува збор за зделка, која доколку се реализира тој може да биде последниот претседател на Македонија.

Всушност македонскиот претседател одлично разбира дека „Албанската платформа“ предвидува, како прв чекор, трансформација на Македонија во извесен вид на „Австро-Унгарија“ со јасна блиска перспектива за нејзина ликвидација како држава. Станува збор за присоединување на албанските делови кон Косово, а потоа и кон „Голема Албанија“ која внимателно се создава со попустливост на Западот.

Во такви услови, словенското население кое е нешто повеќе од еден милион во остатоците од преполовената и веќе неживотоспособна мала држава Македонија, нема да има друга алтернатива освен да се припои кон Бугарија или кон Србија. Словените Македонци, по сè изгледа ја преферираат првата опција. Тие мошне добро се однесуваат кон Србите, со кои пријателски живееле во иста држава од почетокот на 20 век, но во културна и етничка смисла, несомнено се поблиски со Бугарите. Покрај ова, Бугарија веќе е членка на ЕУ, која сè уште го нема изгубено во целост престижот, за разлика од Србија, која засега не е определена.

zaednicka-3

Митинзи, митинзи

Меѓутоа, ситуацијата во Македонија секојдневно се влошува. Во главниот град Скопје, но и во другите градови од една страна се група граѓани, обединети под мотото „За заедничка Македонија“ кои организираат митинзи.

Луѓето кои што протестираат се главно словени, бараат ЕУ да ја признае државата под уставното име Република Македонија, која заради противењето на Грција во светот ја нарекуваат БЈРМ, (Поранешна Југословенска Република Македонија). Тие бараат почеток на преговорите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, на што исто така се противи Грција, која беспредметно стравува дека Скопје ќе претендира на нејзината провинција Македонија чиј центар е Солун, а исто така е вознемирена што словените, Македонци имаат претензии кон грчкото наследство.

Демонстрантите бараат Брисел да го осуди мешањето во внатрешните работи од страна на премиерот на Албанија и да не се дозволи предавство на македонските национални интереси.

porta_makedonija

Станува збор за приврзаници на најголемата партија во државата ВМРО-ДПМНЕ, на поранешниот премиер Никола Груевски, која управуваше со државата повеќе од 20 години, но согласно резултатите од последните избори, не успеа повторно да формира влада, иако на изборите оствари најдобар резултат, освојувајќи 51 мандат од вкупно 120.

Истовремено, се засилуваат и настапите на опозицијата која е вознемирена од тоа што Иванов не сака да го врачи мандадот на новата владина коалиција. Етничките Албанци играат значителна улога во тие настапи. Согласно изјавата на лидерот на опозицијата Заев, претседателот ја турка Македонија во длабока криза со непредвидливи последици за државата и нејзините граѓани.

Реакцијата на Русија

„Западот преку албанското малцинство се обидува да ја донесе на власт опозицијата која претрпе пораз“, се вели во соопштението на МНР на Русија посветено на драматичните настани во Македонија.

Согласно мислењето на Москва, опозицијата која се потпиша под ултимативните барања на Албанците, води кон поткопување на уставниот поредок на државата, додека политичката криза во Македонија, испровоцирана со грубо мешање однадвор, се продлабочува. Во МНР на Русија, посветија внимание на тоа дека „Албанската платформа“ е креирана во Тирана, во кабинетот на премиерот Рама, под картата на „Голема Албанија“ која упатува на територијални претензии во однос на пошироките региони на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција.

Според Москва, посебна загриженост предизвикува тоа што во оваа афера се вовлечени и властите на Косово кое прогласи независност еднострано. „Таквата линија сметаме дека е вонредно опасна и може да предизвика рушење на македонската државност и дестабилизација на целиот балкански регион“.

МНР на Русија, смета и дека предвремените парламентарни избори во Македонија од 11 декември 2016 г. кои доведоа до сегашната експлозивна состојба, се одржаа по налог на ЕУ и НАТО, и дека деструктивните обиди кои продолжуваат да наметнуваат шеми однадвор против вољата на македонските избирачи, може само да ја влошат ситуацијата.

ambasada_sad (3)

Реакција на Западот

Мошне индикативно е тоа што доколку МНР на Русија настојува да се остави Македонија на мир и да им се дозволи на Македонците сами да ги решаваат внатрешните прашања, американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли, во четвртокот изрази разочарување заради откажувањето на претседателот Иванов да го врачи мандатот на Заев и ултимативно го повика да ја преиспита својата одлука.

„САД, со разочарување ја примија веста дека Иванов не сака да го врачи мандатот на претставникот на политичкото мнозинство и со самото тоа да му даде можност за формирање влада. Сметаме дека ова не е во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, што е клучната вредност на НАТО“, изјави Бејли.

„Го повикуваме Иванов да ја преиспита својата одлука, а соседите на Македонија ги повикуваме да бидат воздржани и конструктивни во овие политички деликатни моменти за државата“, додаде Бејли.

Кога зборува за соседи, најверојатно Бејли мислел на претседателот на самопрогласеното Косово, Хашим Тачи и албанскиот премиер Рама. Првиот од нив го обвини Иванов дека го злоупотребува уставот и има антиалбански пристап кон народот кој е една третина од неговата држава. На сличен начин се изрази и Рама.

bejli

Во САД реално се плашат дека овие „силни албански момци“ со своите предвремени чекори може да ги влошат геополитичките комбинации, но сепак Американците, судејќи според сè, не се против ликвидацијата на Македонија. Уште повеќе, сметаат дека е дојден моментот за таквата ликвидација. Сепак, засега ова е полуофициjален став, но правецот кој овој став го дефинира, не предизвикува никакви сомнежи, како и тоа каква ќе биде целта на новата американска администрација во однос на „македонското прашање“.

Тоа стана јасно од неодамнешното интервју за албанскиот канал „Vision Plus“, на републиканскиот конгресмен Дана Рорабахер, кој впрочем е еден од нај про-руските во Конгресот, кој на тој начин можеби е заинтересиран за создавање преседан за решавање на „украинското прашање“.

„Јас сметам дека Македонија не е држава. Косоварите и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово, а останатите територии на Македонија треба да се припојат кон Бугарија и другите држави“, рече конгресменот.

Рорабахер е убеден дека независноста на Македонија како резултат на распаѓањето на Југославија била грешка, затоа што сега од таквиот чекор има само проблеми. Не треба да се заборави дека Рорабахер, кого Скопје го обвинува во распалување на националистичка реторика, беше еден од претендентите за нов државен секретар на САД, место кое му припадна на Рекс Тилерсон. Но, во секој случај, Рорабахер во кругот на Трамп се смета за главен експерт за Балканот.

Мошне индикативно е тоа што ЕУ по ова прашање, како и во многу други случаи, делува во тандем со САД.

Пред некој ден, во Македонија во вонредна посета престојуваше високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, која изјави дека одлуката на Иванов е во спротивност со духот на демократијата и не е во согласност со ниту еден принцип на евроатланските вредности. Таа, исто така, упати барање до претседателот да размисли за својата одлука и во согласност со Уставот да го довери мандатот избран од партиите кои имаат парламентарно мнозинство. Со други зборови, да не се обидува да го попречува започнатиот процес на конечен распад на државата.

protesti_tirana

Зошто Западот може да успее?

Заради тоа што како што изгледа, Македонија денес во светот никому не му е потребна, освен на далечната Русија. Бугарите историски ги сметаат Македонците за Бугари и нема да протестираат ако словенскиот дел на Македонија ѝ припадне на Бугарија. Пред нешто повеќе од сто години Бугарија ја започна втората Балканска војна за да ја припои кон себе Македонија, која по завршувањето на првата Балканска војна беше поделена меѓу Србија и Грција, бившите сојузници во борбата со Турција.

Грците исто така ја сметаат Македонија за непријатно недоразбирање. Тие ги натераа Македонците да се откажат од знамето, историската македонска звезда, со цел да го сочуваат ова наследство на Александар Велики од претензиите на словените. Атина ги блокира меѓународното признавање на Македонија, која во ООН е примена како Поранешна Југословенска Република Македонија, иако одамна веќе не постои никаква Југославија.

Атина ја блокира ЕУ и НАТО-интеграцијата на Македонија. Сето ова се случува само затоа што мајчиниот јазик на современите Македонци е словенски, не грчки, иако генот на двата народа, ако некогаш биде анализиран, изненадувачки за сите ќе се покаже како сличен, со оглед на тоа дека некогаш Словените биле населени низ цела Грција, а Албанците исто така во минатото учествувале во грчката етногенеза. Секако, Грците ова никогаш нема да го признаат и ќе бидат навистина задоволни доколку Македонија престане да постои, без оглед на тоа што за Атина тоа ќе создаден негативен преседан.

siptar_ameri_sdsm2

Тоа е поврзано со третата држава од Јужна Европа, Албанија, која најмногу од сите е заинтересирана Македонија да престане да постои. За улогата на раководството на оваа држава во сегашните настани во Македонија веќе говоревме. Меѓутоа, проблемот за сите држави од регионот се состои во тоа што Албанците претендираат не само на голем дел од Македонија, вклучувајќи го и Скопје, туку и на северо-западните територии на современа Грција, на пример цел Епир,Јанина и дури островот Крф. Покрај ова и на дел од териториите на Црна Гора, вклучителнои Подгорица, па дури и Србија до градот Ниш. И секако тука е и српското Косово. Сите овие територии, како што сметаат во Тирана, влегуваат во состав на „Голема Албанија“.

Оваа идна држава, мала империја, чија територија ќе биде скоро два пати поголема од сегашната Албанија, методолошки и упорно се создава на Балканот, со поддршка на САД и ЕУ, уште од почетокот на 90-тите години. Натамошната реализација и особено форсирањето на овие планови може да ги дестабилизира сите држави во регионот и да предизвика нов конфликт на Балканот, што предизвикува природна вознемиреност кај Русија.

RAMA-729x400

Од поинаков агол

На ситуацијата во Македонија може да се гледа и од поинаков агол. Имено, како што Косово создаде преседан за Крим, така и распадот на Македонија ќе создаде преседан за распад на Украина. Како и во случајот со Косово, Западот лицемерно ќе го одрекува тоа, нагласувајќи дека тоа е всушност „посебен случај“. Сепак, преседан ќе биде создаден.

Значи, само на Запад може да сметаат дека ним сè им е дозволено, а на останатите не. Останатите многу внимателно набљудуваат и влечат неизбежни заклучоци. Оние кои што сега имаат намера да ја запалат Македонија, треба да подразмислат околу тоа.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This