ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА АКТИВИСТ НА ГРОМ ВО СТРУМИЦА: Оливер Спасовски ја кочи истрагата за да се утврди сторителот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во континуитет претседателот на општинската организација на ГРОМ, Сашо Милковски се соочува со закани на социјалните мрежи, повеќепати неговото возило е оштетувано, но овојпат се прелеа чашата, со тоа што неговиот автомобил е полеан со бензин и со уље и истиот е запален, изјави претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски во вестите на ТВ Нова. Заканите доаѓаат од членови на СДСМ како преку социјалните мрежи, јавно или во лични пораки, но и како закани за личната безбедност на Милковски преку негови пријатели.
jakimovski-tv-nova-640x326

Тој додаде дека за среќа лице коешто ги обезбедувало околните објекти што се во изградба, во тоа време било во обиколка, го забележало пожарот и веднаш пристапило кон негово гасење.

-Она што нас нè зачудува е што по повеќе наши интервенции,иако настанот беше пријавен во 09.30 наутро, дури во 17 часот пристигна екипа на крим техника. Нè чуди како за Диме Спасов дојдоа полицајци во рок од 2 минути пред неговото возило, а кога е во прашање напад на претставник на опозиција во Струмица, за него се потребни 7 до 8 часа за увид. Ме чуди тоа што СДСМ кои не го осудија нападот, ниту се оградија од истиот, велат дека Милковски самиот си го запалил автомобилот за да предизвика внимание. Нè зачудуваат и невладините организации коишто цело време се борци за слобода, права, борба против режимот, па оттука се поставува прашање за каков режим се работи во Струмица?, истакна Јакимовски.

Тој инсистира да се спроведе истрага и да се утврди кои се сторителите на овој настан.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This