ЗАПАЛЕН ЦРВЕНИОТ АЛАРМ: Јавниот долг околу 5 милијарди евра, државниот околу 4 милијарди евра – Македонија влегува во должничка криза?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за финансии ги објави податоците за јавниот долг на земјава, заклучно со март 2018. година, економските аналитичари и пазарни прогнозери велат дека ова е повеќе од доволна причина да се вклучи црвениот аларм поради екстремно високиот државен и јавен долг на земјата

 

Според податоците објавени на Министерството за финансии, државниот долг на Р.Македонија е нешто над фантастични четири (4) милијарди евра, додека јавниот долг, она што е и посериозно, се движи во рамките на астрономски пет (5) милијарди евра.

„На крајот од првото тримесечје државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП. Споредено со крајот на 2017 година, државниот долг е повисок за 0,3 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 0,3 процентни поени.“ – објаснуваат од министерството за финансии.

На вакво поразително сценарио неколкупати досега предупредуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде, очигледно со право, обвинија дека владата на Заев и финансиите на Тевдовски ја водат Македонија кон економска бездна, со долг кој надмина 1.6 милијарди евра за неполна година владеење на владата на СДСМ.

Лидерот на опозицијата, економската и финансика политика која ја води оваа влада ја нарече „економско цунами“ кое ја влече Македонија кон дното, односно, веќе е на дното и според сите релевантни студии и истражувања на економската и финансиска кондицја на државата.

Видео обраќање

Падот на просечната плата е резултат на неспособноста на владата. Ветувањето за просечна плата од 500 евра нема да се оствари.

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, April 25, 2018

 

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии продолжуваат да ги лажат граѓаните на Македонија. Министерството за финансии грубо манипулира со јавноста кога стануваа збор за состојбата на државниот и јавниот долг во Република Македонија, смета првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Вкупната состојба на јавниот долг изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра, додека пак вкупната состојба на државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра. На следниот слајд овие бројки се кажани и споредени со БДП повторно извор ни е веб страницата на министерството за финансии, пресечна дата 21 април 2018 година. Лесно може да се забележи дека бројката која што е објавена а изнесува јавен долг во Република Македонија е 46,7% од БДП, односно бројката која што е објавена а се однесува на државниот долг е 38,7% од БДП во Република Македонија. Станува збор за две различни бројки кои што понатаму реферираат и две различни вредност на БДП, а тоа веќе може да се види на следниот слајд кој што ќе биде прикажан во продолжение, објаснува Мицкоски.

 

Видео обраќање

Заев, владата и министерството за финансии ја лажат јавноста за државниот долг.

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, April 23, 2018

Кога вкупниот јавен долг ќе се подели со процентот, ќе се добие вредност на БДП од 10 милијарди и 250 милиони евра, а ако бројката на државниот долг се подели со процентот, ќе добиеме различна вредност на БДП, а би требало да добиеме иста т.е. 10 милијарди 228 милиони евра. Разликата е 22 милиони евра, вели тој, но додава дека ова се однесува на она што било претпоставено проектиран раст на БДП од страна на Министерството за финансии.

-Според реалната состојба која што беше објавена на почетокот на април, а со пресечна дата 23 април 2018 година т.е. денес, БДП во Република Македонија базиран на реални податоци и објавен од Државниот завод за статистика е 10 милијарди и 66 милиони евра, што е различно од она што беше презентирано на претходниот слајд. И така сега бројките кои што го одразуваат јавниот и државниот долг процентот од БДП ќе бидат различни и тоа може да се види на следниот слајд.
Кога реалниот јавен долг ќе се подели со реалниот БДП, ќе добиеме бројка од 47,55%, што е различно од она што е објавено од Министерството за финансии, 46,7% односно грешката е нешто повеќе од 85,5 милиони евра. Државниот долг кога ќе се подели со реалниот пораст на БДП, добиваме процент од 39,32% што е различно од 38,7% кои што беа објавени од страна Министерството за финансии, или грешката е нешто повеќе од 62,4 милиони евра, објасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This