ЗАПАМЕТЕТЕ СИ ЈА ОВАА СЛИКА: Како се градеше Македонија додека беше „режимот“, а каква ќе биде откако ќе си замине „животот“!

Поврзано

- Advertisement -
[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Зачувајте си ја сликата и да остане запишано во историјата како се градеше додека “режимот” беше на власт- пишуваат Твитерџиите откако се обелодени дека Заев ја стопирал изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид[/kopa_block_quote]
- Advertisement -

Ваквата реакција следи откако Заев наредил стопирање на градежните работи на двете автопатски делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Ова го потврдил Зоран Заев при средбата со кинеската амбасадорка Лин Лисјен, соопшти Владата, пренесуваат сдсмовските медиуми.

 

Заев засега не сака да открие кои се проблемите поради кои е сопрена изградбата на двата автопата додека новиот министер за транспорт и врски Горан Сугарески не подготви детална информација, но за досегашните сознанија ја информирал кинеската амбасадорка.

Според медиумите блиски до СДСМ, за делницата Миладиновци – Штип не бил потпишан анекс на договор за продолжување на градежните активности, додека на делницата Кичево – Охрид дошло до несовпаѓање на проектираната и веќе изведената траса, поради што градежните активности се сопрени.

Поради запирањето на изградбата на автопатите, илјадници луѓе ќе останат без работа, пат нема да има, а вложените средства ќе бидат без резултат.

Двата автопата се градат со кредит од 500 милиони долари од кинеската Ексим банка. Ги гради кинеската компанија Синехидро, а подизведувачи се македонските „Гранит“ и „Бетон“. Автопатот до Штип требаше да биде пуштен на 1 мај годинава, а Кичево – Охрид би требало да биде завршен до крајот на февруари 2018 година.

Твитерџиите потсетуваат и на тоа како изгледаше Македонија додека СДС последен пат беше на власт. Сите капитални инфраструктурни проекти беа запрени, меѓу кои и еден од највиталните, односно пругата кон Бугарија.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This