ЗАПОЗНАЈ ТЕ ГО ГРАДОТ КАДЕ 12 ЧАСОТ НЕ ПОСТОИ:Опседнат е со бројот 11!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е само часовникот во знакот на бројот 11. На две фонтани можете да видите точно 11 чешми за вода, на музеите 11 врата високи 11 метри и слично.

Замислете часовник кој има само 11 бројки и на кој недостасува 12. Не е грешка. Часовникот не покажува само време, туку и необична фасцинација на целиот град со бројот 11.

Швајцарскиот Солотурн го основале Римјаните пред 2.000 години, но паднал во туристички заборав поради големата близина со Берн. Градот скоро бил опседнат со бројот 11 и доме на 11 цркви, 11 капели, 11 фонтани, кули и исто толку музеи.

Сето тоа започнало уште во 15 век. Ако наиде некој турист, ќе видите како загрижено гледа во најстарата зграда во градот на која има астрономски часовник со златни ѕвезди, топчиња и подвижи фигури од кралот, витезот и скелетот. Но, за што се работи?

Сите 11 запчанци на часовникот се помераат во случајни часа (11, 12, 17 и 18) кога коњаникот од метал започнува да удира со чекан во ѕвоното и да ја изведува „Solothurner Lied“, неофицијалната химна на градот.

Но, зошто градот е опседнат со бројот 11? Па, тоа не го знаат ниту неговите жители.

Народната легенда зборува за магионичари кои доше од блиската планина Вајсентсин за да ги охрабрат жителите на градот кои напорно работеле, но никогаш не напредувале. Усвојувањето на бројот 11 било оддавање почит на граѓаните кон своите спасители.

Многу поразумно објаснување е библиското значење на бројот, па така и жители на Солотурн сметаат дека бројот 11 е свет број. Во нумерологијата бројот 11 се смета за најинтуитивен, најчесто поврзаност со верата и видовитоста и постојаната потрага по совршеност.

Ако религијата е еден дел од ДНК на овој град, геополитиката е вториот. Во 1481 година, Солотурн станал 11 кантон на конфедерацијата, а до 16 век поделен е на 11 протекторати. Исто така бројот 11 прв пат се споменува во 1256 година кога цеховите за градскиот совет избрале 11 членови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This