ЗАПОЧНАА НАРОДНИТЕ АКЦИИ ВО СИРИЈА: Полека но сигурно, благодарение на Руската помош мирот и нормалниот живот се враќаат во Сирија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Минатиот месец заврши бруталната борба за Алепо, а Сириската влада започна со огромната задача за подигнување на градот. При самиот крај на борбата за градот, многу од мејнстрим медиумите потрошија многу време известувајќи за „падот“ на Алепо што заборавија за она што се случува по ослободувањето: изградба, реставрација и најважното – мир.
alepo_bager

Спутник дојде до снимки од напрорите на Сириската влада што побрзо одново да се изгради руинираниот источен дел од градот, кој во најголем дел беше под окупација на милитантите и терористите, се до победата на владините сили минатиот месец.

Жителите масовно се вклучуваат во заедничката акција за изградба на градот, одново ги градат своите куќи, додека малите фабрики (оние кои не беа растурени) почнуваат со работа, произведувајќи текстилни и други продукти.

Сирискиот премиер Имад Камис неодамна изјави дека изградбата на индустрискиот потенцијал на градот е еден од главните приоритети на Владата. Пред војната, Алепо беше најголем град во земјата, и главен регионален индустриски центар, произведувајќи текстил, хемиски производи, фармацевтски производи, храна, и останати добра. Алепо беше одговорен за 50% од целокупната вработена сила во земјата.

Минатиот месец, гувернерот на провинцијата Алепо Хусеин Диаб изјави дека штетата направена од борбите е „ужасна“. Сепак, тој потенцира дека животот во градот „постепено се враќа во нормала“. Објаснил дека владата прави се што е возможно луѓето да се вратат во нивните домови во ослободените зони, со што ќе се обезбеди можност за внатрешно раселените лица да се вратат во своите домови.

Гувернерот признава дека недостатокот на градежна опрема е голем проблем. На 16-ти декември, Руското министерство за одбрана потврди дека Алепо, претходно поделено на дел под контрола на владата и дел на милитантите, е потполно ослободен. Дамаск беше во состојба на војна со конгломерат на исламски џихадисти и анти-владини борци поддржани од САД од марти 2011 година. На 30 Септемри 2015 година, на барање на претседателот Башар ал Асад, Русија заочна со воена асистенција во Сирија против џихадистичките милитанти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This