ЗАПОЧНАА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ УПРАВЕН СУД: СДСМ и странци започнаа со притисоци и закани кон Управниот суд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Питер ван Хауте, кој го навредуваше македонскиот народ, ги подели судиите по партиска припадност, со што изврши директен притисок кон нив, клеветејќи ги дека доколку постапуваат по закон, а не како што смета тој или Зоран Заев, тогаш истите биле „ВМРО-ориентирани“.

zaev_vanhaute_mediummi

 

 

Белгиецот, посредник во преговорите меѓу четирите партии, кој остана запаметен по понижувањата изречени кон Македонија и македонскиот народ, ги стартуваше притисоците врз Управниот суд со кои треба да се влијае врз одлуката што ќе ја носат судиите по поднесените тужби.

Ван Хауте, кој јавно кажа дека менталитетот на македонскиот народ не бил како европскиот, сега ги навреди судиите дека не работеле по закон и по сопствено убедување, туку според партиската припадност. Белгиецот директно се вмеша во работата на судот набедувајќи ги судиите дека доколку ги отфрлат тужбите на СДСМ тоа би било заради нивната политичка ориентација, а не заради законската аргументација и нивното судиско убедување.van-haute-640x555

За Плусинфо, медиум кој е под директна контрола на СДСМ Ван Хауте изјавил: „Главно прашање е кој судија во Управниот суд ќе ги добие тужбите поднесени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на минатите избори беше јасно дека ИТ системот кој треба да ги распределува предметите кај судиите по случаен избор беше манипулиран. Како резултат на оваа манипулација, ВМРО-ориентираните судии ги добија сите тужби на СДСМ со што исходот беше предвидлив“.

Со ваквиот став , Ван Хауте ги заплашува и партиски ги бои судиите на линија на нападот што го имаше кон судството Зоран Заев, кој во кампањата најавуваше разрешување на судиите и нивен реизбор од страна на меѓународни „експерти“ по урнекот на Украина.

Нападите врз Управниот суд ги отпочна Петре Шилегов, откако вчера на нарачано новинарско прашање им се закани на судиите со Специјалното јавно обвинителство, потврдувајќи ја врската меѓу СДСМ и СЈО.

ВМРО ДПМНЕ, од друга страна побара да престане секаков вид на притисоци врз Управниот суд и да се остават судиите да одлучуваат исклучително согласно закон. Секое поинакво постапување, според ВМРО ДПМНЕ ќе биде крадење и фалсификување на волјата на мнозинството македонски гласачи.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This