ЗАПОЧНА ДЕСОРОСОИЗАЦИЈАТА: Започнаа истрагите за нелегалните текови на парите на соросоидните невладини организации!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ кој на 16-ти декември го објави лидерот на партијата Никола Груевски започна да се спроведува во пракса

gruevski-proglas-640x423

Можеби главна точка на прогласот беше најавата за „десоросоизација“ на општеството и проверка на работата на сите невладини организации кои во изминатиот период се занимаваат со разнишување на стабилноста на државата, а се финансирани од разни странски фондови.

Имено, управата за финансиско разузнавање веќе започнала со работа на утврдување на потеклото на парите кои ги добивале невладините организции кои се занимаваа со дестабилизирање на државата во изминатите неколку години. Познато е дека пари пристигнувале од различни центри меѓу кои и Саудиска Арабија, Катар и дел евроазиски земји кои најчесто се поврзуваат со финансирање на насилен екстремизам и тероризам.

Меѓу нив е и невладината „Мост“ која минатата година беше фатена како нелегално внесува пари токму од овие земји. Никогаш не е потврдено потеклото на парите и со каква цел се префрлени во Македонија.

dzordz-soros-520x269

Џорџ Сорос влегува во Македонија, во соработка со внатрешни политички сили кои, уште тогаш во 1992 година, добиле власт без избори, смениле име и знаме на држава, спровеле приватизација по која останале 200.000 невработени.

Неговата Фондација отворено општество Македонија е основана овде уште во 1992 година, како претставништво на странско лице. Како македонски правен субјект е регистрирана дури во 1999 година.

Од 1992 до 2015 година (вкупно 23 години) Фондацијата на Сорос ја води функционер на СДСМ, член на претседателството на таа партија Владимир Милчин. Од првиот ден, до ден денес, таа органзиација и правно и формално е под раководство на СДСМ и нема никакви карактеристики на независна невладина организиација.

СДСМ нема партиска контрола над фондацијата Сорос само преку Милчин, кој е извршен директор во континуитет, повеќе членови на влади од СДСМ се именувани на чело на организацијата: Ратка Куљан(Претседател на ИО 1992-96), Емилија Симовска (2002-2005), Јане МиљовскиГордана Сиљановска.

Со просечен годишен буџет од 5 милиони долари оваа партиска логистика заклучно со 2015 година има потрошено над 115 милиони долари инвестирани во кадри и проекти кои, без исклучок, секогаш биле од кампот на СДСМ и одработувале јавни настапи и партиски програми за потребите на таа партија. Така е и денес.

За своите политички цели СДСМ и Фондацијата Сорос со големи финансиски буџети, и уште поголеми буџети за техничка поддршка, создадоа и свои медиуми, предводени од кадри кои се на раководни места во Фондацијата.

sobranie-2

Во 1993 година Сорос фондацијата финансира создавање на Телевизија А1, раководена од Гордана Стошиќ, член на извршниот одбор на Фондацијата Сорос. Доделени и се пари и речиси целосна опрема за оперативно работење што создава нивни инструмент и пазарно фаворизирање над другите медиуми. Новинарите се екстра плаќани од проекти, а меѓународните врски две децении обезбедуваат работа над и надвор од законот на сопствениците на телевизијатата, дополнително штитетни од владата на СДСМ.

Со помош на пари од фонацијата Сорос, како и од фонд на полицијата предводена од тогашниот министер на СДСМ Љубомир Фрчковски, се разбива и урива НИП Нова Македонија, а се создава нивниот медиум, дневниот весник Дневник.

По истиот метод во 1999 таа групација го оснива и Утрински весник. Уредничката на Утрински весникГордана Дувњак е доскорешен претседател на Извршниот одбор на Фондацијата Сорос во Македонија.

Активностите на овие организации не се ограничува само на Македонија, па така минатата година, истите оние кои протестираа во Скопје се префрлија на „тезга“ во Нови Сад за 1.3милиони евра.

 

Protest-SDSM-SOROS infomaks

Денес фондацијата Сорос во Македонија има на платен список, низ мрежата свои виртуелни невладини органзиации, околу 1.000 луѓе. Тоа се активистите од нивната Шарена револуција кои со сите издатоци трошат околу 10.000 евра за секој протест. Парите, согласно документите објавени деновиве, завршуваат во џебовите на мала група луѓе од кои најплатните заработуваат околу 30.000 евра по човек. Нивните имиња се веќе објавени.

Ова го потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој во последното свое интервју изјави дека невладините на Сорос имаат практично формирано своја приватна армија, која се активира по потреба и на барање на СДСМ.

 

gruevski-proglas-640x423

-Ќе се бориме за десоросоизација на Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот, соопшти меѓудругото Груевски во прогласот објавен на 16 декември минатата година.

Оваа процедура веќе е започната, а прв кој исплашено се јави со обид да ги одбрани невладините е Петре Шилегов кој побара од институциите да работат „професионално“ повикувајќи Управата за финансиско разузнавање да не врши проверка на потеклото на парите, иако во текот на предизборната кампања беше откриено дека невладината „МОСТ“ била финансирана од центри како Саудиска Арабија, Катар и дел евроазиски сомнителни земји и фоднови.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This