ЗАПОЧНА НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Вонредна прогноза за претстојното неврме во Скопје!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пороен дожд предмалку го зафати Скопје. Како што информираа од УХМР, невремето се движи од подрачјето источно од Куманово, се до Беласица, претежно во планинските подрачја. Од градовите нестабилно е во Пробиштип, а поизразена  нестабилност има во Штип. Правецот на движење на нестабилноста е од исток кон запад, но движењето е бавно. Се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.

14102566_1035178723265180_6412507600037525208_n

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
32 Штип, 31 Д. Капија, 30 Гевгелија, Скопје, Струмица, Виница, 28 Охрид, Кр. Паланка, Тополчани, Прилеп, Претор, Берово, 27 Тетово, Ѓуриште, 26 Битола, Пожаране, 25 Пожар, 22 Маврово, Лазарополе.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 9 часа, до 16 часот.
29 Маврово, 24 Прилеп, 16 Берово, 10 Ѓуриште, 9 Охрид, 5 Лазарополе, 3 Кр. Паланка, Пожаране, Штип, 1 Претор, Тетово, >0 Струмица, Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Во претпладневните часови сончево со мала до умерена облачност, во западните делови на места беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од пладневните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи беше на повеќе места, особено во планинските подрачја, најпрво во западните и јужните делови, а подоцна попладне повеќе во источните. На места имаше поинтензивни процеси со поголема количина на наврнат воден талог, силен ветер и појава на град. Интензивен пороен дожд во населените места имаше во Маврово, Гостивар, а најинтензивни процеси имаше во Прилеп, каде околу 14 часот за половина час наврнаа 20л/м2 дожд, а во текот на 5 минути на метеоролошката станица врнеше град. Можни појава врнежи од град има и на други места, претежно во планинските подрачја според радарските слики од радарскиот центар Тополчани. Засилен ветер со удари од 70км/час имаше во Штип, а засилен ветер имаше и во Прилеп и Струмица. Стабилно беше во северниот и во поголем дел од јужниот дел од Повардарието.
Во овие моменти на повеќе места сеуште има врнежи од дожд кои се со слаб до умерен интензитет. Нестабилно со дожд и грмежи е во Охридско-Преспанскиот регион, помеѓу Гевгелија и Валандово, Кумановско, во крајниот источен дел од Скопската котлина (од Илинден кон Петровец), а поизразена нестабилност има западно од Велес и Градско, со правец на движење кон запад.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Се очекува постепено стабилизирање на атмосферата, така што во ноќните часови ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Во претпладневните часови во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Т-мин. од 10 до 19, а т-макс. од 25 до 31 степен. УВ=6
Скопје
Сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Т-мин. 16, а т-макс. до 29 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на викендот и во почетокот на следната недела ќе преовладува стабилно и топло време.
Дежурен синоптичар:
дипл. инж. метеоролог Ивана Петровиќ

 

Метеорологот на iNFOMAX.mk Славчо Поповски пак додава дека, над Скопската котлина во овој момент се развива нестабилна облачност која понатаму ќе донесе локален пороен дожд , грмежи и засилен ветер. Развојот на облаци како и нестабилноста се движат бавно. Сепак во вечерните часови како и во текот на предстојната ноќ Атмосферата ќе се стабилизира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This