April 26, 2024, 10:08 pm

Започна новогодишното украсување на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.

skopje-nova-godina-1-640x294

Епицентарот на декорирањето е поставување централна новогодишна елка,  повисока од 18 метри со светлосни и други украсни елементи на плоштадот „Македонија“, како и  негово украсување и декорирање со светлосни украси и ефекти. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:

  • Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
  • просторот пред Владата на Република Македонија,
  • ул. „Даме Груев“,
  • Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
  • ул. „Димитрие Чуповски“,
  • ул. „11 Октомври“,
  • Булевар „ВМРО“,
  • ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до  раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
  • просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
  • Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
  • украсување на Паркот „Жена борец“,
  • украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
  • украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
  • украсување на улица „Македонија“,
  • Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
  • Плоштад Пресвета Богородица,
  • Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
  • Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
  • Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017  година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This