Започна првата изборна кампања без масовни собири и митинзи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На полноќ започна предизборната кампања за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули. Политичките партии кои учествуваат на овие изборин денска ќе ги започнат своите изборни активности во услови на здравствена криза предизвикана од коронавирусот поради што не се планираат масовни собири и митинзи.

ВМРО ДПМНЕ изборната кампања ја стартува под слоганот “Обнова”. На првиот ден од нивната кампања претседателот на оваа партија Христијан Мицковски ќе одржи средба со граѓани во Охрид.

Социјалдемократите ќе ја започнат својата кампања под слоганот “Можеме” во градскиот парк во Струмица каде ќе се обрати претседателот на оваа партија, Зоран Заев.

ДУИ тргнува од Преспа. Оваа партија најави дека на својата промотивна конвенција во автокампот Крани ќе го соопшти името на нивниот кандидат за премиер.

Алијанса за Албанците и ДПА своите изборни кампањи ги стартуваат во Тетово.

На изборите за првпат настапува движењето Македонски концпет предводено од реформското крило на ВМРО ДПМНЕ, Петар Богојевски. Ова движење кампањата ја започнува од пред зградата на ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Кампањата ќе трае до 12 јули , а веќе на 13 јули почнува изборниот молк.

На 13 јули ќе гласаат лицата кои се заразени со ковид-19 и се наоѓаат во домашен карантин, како и граѓаните кои имаат решенија за самоизолација. Ден потоа, на 14 јули, ќе гласаат немоќни и болни лица, како и хронично болните и сите останати кои согласно Изборниот законик гласаат ден пред одржувањето на изборите.

Денот на избори – 15 јули (среда) е прогласен за неработен и гласањето е продолжено за два часа односно ќе трае од 7 до 21 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This