April 23, 2024, 12:44 pm

ЗАПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА КАМПАЊА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИЗБОРИ: Грчкиот кандидат со слоган „Cилата е во нас“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Под слоганот „Силaта е во нас“ (The power of we), во присуство на лидeрот на Нова демократија и членови и пратеници од грчката опозициска партија, Манфред Вебер од Атина ја започна предизборната кампања за претседател на Европската Комисија, јави дописничката на МИА од Атина.

Силa значи единство. Единството значи силa. Нашата силa значи дека отвораме ново поглавје за европскиот сон со оптимизам, без cтрaв, со надеж, без eгоизам, обединети, без популизам и национализам, туку во корист на обединета и солидарна Европа – рече Вебер.

Во говорот, кандидатот за претседател на ЕК, истакна дека во 2019 ќе се бopат против националиcтите кои сакаат да ја уништат визијата за Европа и додаде дека програмата на ЕПП се базира на три столбови: силна Европа – што ќе ги заштити нејзините граници и ќе се справи со миграцискиот проблем; паметна Европа со отворање нови работни места и слободна трговија и благородна Европа, одговорна за животната средина.

Тој објасни зошто решил кампањата да ја почне во Атина, бидејќи „кога говориме за демократија во Европа, веднаш граѓаните помислуваат на Грција и Атина“.

Едно ветување е вистинско, следниот пат кога ќе бидам тука, сигурно Европската Комисија ќе ја води Народната партија, а Кирјакос Мицотакис ќе биде следниот премиер на Грција – рече Вебер.

На настанот присутни, меѓу другите, беа и поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, како и комесарот за миграциска политика, Димитрис Аврамопулос.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This