Започна примената на дигиталниот сертификат за ковид во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имплементацијата на дигиталниот сертификат за ковид, чија цел е бесплатно и безбедно патување во рамките на Унијата за време на пандемијата на вирусот корона,започна денес во Европската унија.

Сертификати за вакцинација против ковид-19, стекнат имунитет по претходно заболување или негативен тест веќе имаат издадено 21 членка на Унијата, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а денес ќе им се придружат уште пет земји на ЕУ, објави Европската комисија.

Ирска е единствената земја што не е подготвена за имплементација, поради неодамнешниот кибер напад врз здравствената служба и се очекува да започне со издавање на сертификати кон средината на јули

Поздравувајќи го почетокот на примената на сертификатот за дигитални ковиди, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека огромното мнозинство на земји-членки се веќе поврзани со системот и се подготвени да издадат и да ги потврдат сертификатите, како и дека веќе се издадени повеќе од 200 милиони сертификати.

„Европската унија се грижи за своите граѓани. Дигиталниот сертификат на ЕУ за ковид е симбол на отворена и безбедна Европа што внимателно се отвора со ставање на заштита на здравјето на нејзините граѓани на прво место”, рече фон дер Лајен.

Дигиталниот сертификат е бесплатен и достапен на сите официјални јазици на ЕУ, во дигитална и хартиена форма, пренесува Бета.

Според новите регулативи, земјите-членки не можат да воведат дополнителни ограничувања за патување, како што е карантин, на сопствениците на дигитални сертификати на ЕУ, освен ако тие не се неопходни и пропорционални за да се заштити јавното здравје.

Членките на ЕУ мора да прифатат сертификати за вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (Pfizer / Biontek, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson) и можат да изберат да препознаат други вакцини.

Комисијата вети дека ќе обезбеди 100 милиони евра за да им обезбеди на членовите пристапно тестирање на ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This