ЗАПОЧНА СОЗДАВАЊЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Косово и Албанија со заеднички дипломатски преставништва на меѓународната сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На меѓународната сцена Албанија и Косово ќе имаат заеднички дипломатски претставништа.
Според спогодбата потпишана во Тирана од шефовите на дипломатиите Генц Цакај и Беџет Пацоли, се предвидува отпочнување активности за отворање заеднички амбасади и конзуларни претставништва.

Во спогодбата зацртана е и заедничката стратегија во областа на надворешната политика.

Спогодбата, рече албанскиот министер Цакај, се заснoва на четири столба и таа е во служба на заедничкиот интерес на меѓународната сцена.

Четирите столба се:политика, дипломатија, професионалност на вработените и дипломатската култура. Меѓу другото од политички аспект Република Албанија се обврзува за конкретна презентација, заштита и афирмација на политичките ставови на Република Косово во сите случаи кога неговото присуство и афирмација на политичките ставови е неможно од објективни причини. Уште повеќе, Албанија ќе презема посебна кампања во функција на зајакнување на државноста на Косово на меѓународно ниво, рече Цакај.

Спогодбата, според двајцата министри, отвора ново поглавје во областа на надворешната политика меѓу Албанија и Косово.

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата обраќајќи му се на Цакај „брату мој“ рече дека и Косово е „соба во нашиот заеднички дом“.

Заедно ќе бидеме посилни, порача Пацоли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This