ЗАПОЧНА СО РАБОТА УШТЕ ЕДНА КОМИСИЈА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ДОГОВОРИТЕ НА ЗАЕВ: Одржан првиот состанок на Меѓународната група на експерти меѓу Република C Македонија и Хеленската Република

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Скопје се одржа првот пленарен состанок на Меѓународната група на експерти, под раководство на шефот на делегацијата, проф. Ѓорѓи Филипов и на шефот на грчката делегација, проф. Фотини Папартис.

Групата е основана согласно член 1, став 3ж, од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената Спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, направена во Преспа на 17 јуни 2018 година.

Двете делегации разменија мислења и разговараа за Деловникот за работа на Меѓународната експертска група, имајќи ги предвид заклучоците од претходните состаноци што се одржаа во Солун.

Ко-претседавачите на двете земји се согласија следната средба да се одржи во Атина, на датум кој претходно ќе биде усогласен, а по можност да се одржи во првата недела од ноември 2019 година.

Меѓународната експертска група ги охрабрува бизнис заедниците на двете земји да го започнат својот дијалог во духот на Преспанскиот договор, се наведува во соопштението на МНР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This