Започна средбата Димитров – Коѕијас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во местото Сунио, близу главниот град на Грција, Атина започна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц.

Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, на новата средба, ќе се обидат да ги доближат позициите на двете страни за да се изнајде конечно решение за проблемот со името.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, во пресрет на денешната средба изјави дека случувањата во Европа се динамични, па делува како Македонија да се обидува да се качи на воз во движење.

-Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза. Тоа што е договорено не е договорено ако не е договорено се’. Факт е дека утрешниот ден е многу важен. Наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе да ги покрива потребите на двете страни – изјави Димитров

На 17 мај на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Софија најавена е и средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This