ЗАПОЧНА СТРАСНАТА НЕДЕЛА:Симбол на последната недела од земниот живот на Исус Христос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За православните христијани денеска почна Страстната седмица, последната седма недела од чесниот пост што му претходи на Велигден.

Оваа недела, од Велики понеделник до Велика сабота верниците ја поминуваат во строг пост, молитви и покајание.

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот.

Оваа недела се нарекува „страстна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка.

Денеска на Велики понеделник црквата потсетува на старозаветниот Јосиф кого браќата го продале за 20 сребреници, но тој се спасил и подоца станал владетел на Египет.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.

На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.

Во недела е Велигден, денот на воскреснувањето на Исус Христос. На овој ден широко е распространета традицијата кршење со велигденски јајца за здравје, среќа и напредок.

Велигден е тридневен празник кој покрај недела ги вклучува и понеделник и вторник.

На Велигден верниците се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ и „Вистина воскресе“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This