ЗАПОЧНЕТЕ ГО ДЕНОТ ЗДРАВО:Не прескокнувајте го поја

Поврзано

- Advertisement -

 

Појадокот, меѓутоа е најважниот оброк и затоа треба да му се позветува посебно внимание. Тоа не значи дека треба да се прејадуваме, туку да се знае што и како да се искомбинира за да денот се започне на здрав начин и да се добие енергија потребна за сите дневни обврски.

Овесните снегулки се многу популарни, исклучително им одговараат на спортистите, како и на професионалците, така и на оние што се занимаваат рекреативно.

За да добиеме соодветна енергија, во житарките можеме да додадеме, лажичка кафеав шеќер и една дланка боровница и ¼ шоља млеко.

Останатите житарки во облик на корнфлекс, мусли и слично исто така се добри за почеток на денот, посебно кога се комбинираат со ладно млеко или сок.

Содржат доста јаглен-хидрати и докажано е дека оние кои секое утро се хранат вака имаат помала потреба да јадат масна храна, а со тоа се штитат од создавање на сало или холестерол во крвта.

Сок од портокал е идеален за оние кои неможат да поднесат храна рано наутро. Исцедете неколку зрели портокали или комбинација од портокал, лимон или  грејпфрут и на тој начин ќе обезбедите доволна количина на витамин Ц за денот кој е пред вас.

Бананата е многу благодарно овошје, но треба да се избегнува при диетите за ослабнување. Доволно е една, евентуално две банани за појадок. Доколку редовно вежбате , бананата изедете ја пред вежбање бидејќи содржи одредена доза јагленхидрати како и магнезиум кој помага за правилно обликување на мускулите. Бананата можете да ја искомбинирате со јагоди, јогурт, издробен лед или пак овошен сок.

Останатото овошје е најидеално доколку се јаде со 12 часот наутро, бидејќи во тоа време се елиминираат отровите од огранизмот, а овошјето помага во  неговото чистење.

Најздраво овошје е јабоката, но внимание, таа го отвара апетитот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This