Започнува бесплатното чипирање на миленици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со вградување на микрочип на тригодишното улично куче Изи и официјално стартуваше кампањата на Агенцијата за храна и ветеринарство за бесплатно чипирање на домашните миленици. Микрочипот на Изи му го аплицираше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, кој соопшти дека договори за бесплатно микрочипирање се склучени со 135 ветеринарни друштва низ земјава. Сопствениците на милениците ќе треба да платат само 120 денари за пасош за домашен миленик што ќе можат да го употребат при патување надвор од државата.

Микрочипот не е разградлив и организмот не го препознава како надворешно тело. Голем е колку зрно ориз и предизвикува кратка, речиси минимална болка при неговото внесување.

По Изи, во Ветеринарната болница микрочипови добија уште две расни кучиња, златниот ретривер Арон и женката „бигл“ Ајви. Ред чекаа уште неколку, а нивните сопственици ја поздравија и поддржаа кампањата.

Од Агенцијата за храна и ветринарство велат дека цел на кампањата е заштита и благосостојба на животните, придонес кон намалувањето на бројот на кучињата скитници, како и поттикнување на одговорното сопствеништво.

Акцијата, според планираното треба да се спроведе заклучно со 31-ви март, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно до целосно искористување на набавената количина од 100 илјади микрочипови.

Секој сопственик има законска обврска да го микрочипира својот миленик. Доколку тоа не го направи, предвидена е санкција од 30 евра во денарска противвредност.

По завршувањето на кампањата, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе спроведе зајакнати контроли за да провери дали сопствениците извршиле регистрација на нивните домашни миленици. Доколку тоа не го направиле, тогаш сопственикот покрај казната, ќе го плати и самиот процес на микрочипирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This