March 29, 2024, 11:13 am

Заради големата oпacноcт од Koвид-19, папата Франциск до крајот на 2020 година нема да патува во странство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск годинава не планира да патува во странство, соопшти Светата Столица, наведувајќи дека пандемијата на коронавирусот е преголема опасност за неговото здравје.

Програма на папата за патувања и онака беше речиси празна, бидејќи пред ударот на пандемијата во Италија беше планирано само едно негово службено патување, на медитеранскиот остров Малта, што беше закажано за крајот на мај, но подоцна и откажано.

Папата Франциск (83) има официјални покани да ги посети Ирак, Кипар, Индонезија и Црна Гора, а, исто така, тој самиот изрази желба да го посети Јужен Судан, каде што лично посредуваше во мировниот процес за завршување на граѓанската војна.

Првиот човек на канцеларијата за врски на Светата Столица, Матео Бруни, изјави дека ниту една од овие посети нема да се реализира во блиска иднина затоа што „Светиот отец годинава не планира патувања “.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This