April 20, 2024, 12:09 pm

Заради Заев гopивaтa oд дeнec пocкaпи, a вo Coбpaниe тypкa yштe eднo пocкaпyвaњe oд 4 дeнapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради Заев горивата од денес поскапи, а во собрание турка уште едно поскапување од 4 денари. Во последните 4 години цените на горивата само заради Заев, како зголемување во вид на даноци и акцизи се покачени за 10 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев деновиве сака да истурка уште еден данок на горивата кој ќе значи покачување на нивната цена од цели 4 денари, со што само заради Заев ќе плаќаме 14 денари поскапи горива. Овие пари кои ги собира Заев одат во буџетот, а од таму се трошат за тендери, за набавки каде често се плаќа и двојно за одредена услуга или ствар, и така се краде народот два пати. Доколку не беа сите овие покачување на горивата, стопанството и земјоделието ќе имаа поконкурентни производи, а граѓаните ќе имаа повеќе пари, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Заев не го интересира доброто на сите, тој само гледа како да го наполни буџетот, затоа тој троши, а народот преку поскапи горива плаќа. Време е да запре расипништвото. Време е за Македонија за сите луѓе! – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This