- Advertisement -
На клиниката за гастроентерохепатологија во Градската општа болница 8 Септември се детектирани 6 зaразени лица од коронавирус од медицинскиот персонал.
Други десетмина се во изолација, дел од нив во очекување на резултатите од направените тестови за Ковид-19, дознава ТВ24 од извори во Министерството за здравство.
Во Градската општа Болница ќе се извршат целосни проверки за да се утврди начинот на кој бил заразен дел од медицинскиот персонал.