April 19, 2024, 12:08 pm

ЗАСЕГА НЕМА СКРАТУВАЊЕ НА ПOЛИЦИCКИOТ ЧAC: Во следниот период не е исклучена можноста за тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Засега нема стриктна препорака до Владата за скратување на пoлициcкиoт чac, но не е исклучена можноста во периодот што следува да се разговара и за ова со оглед на тоа што се препорачува постепено олабавување на мepкитe и ќе почнат повеќе компании да се враќаат на работа, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

– Пoлициcкиoт чac беше еден од факторите за да ја намалиме трансмисијата на виpycот заради тоа што кога има асполутно мирување, кога има пoлициcки чac, најдобро се спроведува контролата. Значи во овој момент не размислувавме за скратување на пoлициcкиoт чac, но може да се наметне потребата во периодот којшто доаѓа посебно заради тоа што економските оператори постепено ќе се враќаат во функција. Ја пратиме состојбата и соодветно ќе предложиме до Владата, но засега не се размислува, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This