ЗАСИЛУВАЊЕТО ДОБИЛО НАРЕДБА ДА НЕ ПОСТАПУВА ПРОТИВ АСАНИ: Очевидец тврди дека Асани и „врзал 2-3 заушки“ на полицајката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје се почесто почнува да наликува на Кандахар, благодарение на безредието и самоволието на локалните шерифи поддржани од владеачките политички партии и нивните силни врски со полицијата

 

 

Таков е и вчерашниот случај со нападот на службено лице, полицајка во близина на Мавровка, која сакала со помош на пајак-службата да го отстрани возилото на Бекир Асани, висок фунцкионер на ДУИ.

Откако Асани увидел дека полицијата се спрема да го одземе неговото возило, истрчал и по кратка вербална расправија ја нападнал полицјаката, која била примена во Градската болница поради повреди на раката. Како што вели, повикала и засилување, но од информации на очевидци, засилувањето не смеело да превземе ништо.

Инфомакс, од извори во полициајта дознава дека, засилувањето кое пристигнало на асистенција на полицајката, преку радио-врска добило известување да не превземаат ништо против Асани, кој претходно ургирал преку висок функционер на ДУИ во МВР. Поради тоа, екипата на полицијата која дошла на асистенција од сменоводителот добила и назнаки да не постапува.

На социјалните мрежи се појавија и очевидци кои сведочат дека верзијата на МВР е погрешна и намерно се манипулира дека полицајката самата се удрила во возилото на пајак-службата.

Наместо да бара јавно доставување на снимка од настанот, која најверојатно ја нема, бидејќи нормално луѓето не одат наоколу да снимаат, го повикуваме министерот и министерството јавно да ја објават радио-комуникацијата помеѓу полицајката, екипата која асистирала и сменоводителот.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This