Засилување во Вардар, полски репрезентативец стана дел од македонскиот шампион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полскиот репрезентативец Патрик Валчак е нов играч на Вардар 1961, објави клубот на својот официјален Facebook профил.

Валчак игра на позицијата пивот и на 29-ти месецов ќе наполни 28 години. Доаѓа од германскиот второлигаш Либеке каде настапуваше во изминативе две сезони. Претходно има играно за Маси Есон, Кјелце, Погоњ и Грањск.

Со македонскиот шампион Полјакот потпиша двегодишен договор, а ќе го носи дресот со бројот 7.

Патрик беше дел од репрезентацијата на Полска на Светското првенство во 2017 година во Франција кога Полјаците завршија на 17. место. Не беше дел од ЕУРО 2020. Полска доби вајлд-карта за настап на Мундијалот наредната година во Египет, па Валчак со добри игри во вардаровиот дрес ќе се надева на повик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This